Badiala.mk

БАДИЈАЛА МОБИЛНАТА АПЛИКАЦИЈА ГИ СОБИРА СИТЕ ЦЕНИ НА АКЦИИ ОД ФЛАЕРИТЕ НА МАРКЕТИТЕ.

НАЈДИ АКЦИЈА. НАПРАВИ СПИСОК. ПАЗАРИ ПАМЕТНО!

Преземете ја БЕСПЛАТНО мобилната апликација Бадијала овде:

Нашата Мисија

НЕ ТРОШИ ПАРИ БАДИЈАЛА ВО МАРКЕТ! ЗАШТЕДИ ПАРИ ПРЕД СÈ!

Во време кога секој денар е важен, мисијата на БАДИЈАЛА е едноставна: Да обезбедиме алатка за паметно купување и фер информации за сите.

Преку нашата мобилна апликација:

1. Им помагаме на луѓето да заштедат пари, преку брз и лесен пристап до акции и попусти во нивната близина.

2. Обезбедуваме транспарентност во трговијата, со споредба на понуди од различни маркети и дрогерии – така што потрошувачите одлучуваат информирано, а не импулсивно.

3. Им даваме вредна анализа на дистрибутери и производители, за да знаат кога и каде е најдобро да го понудат својот производ со попуст или промоција.

Дополнително, БАДИЈАЛА е зелена, карбон-неутрална апликација која ги заменува хартиените флаери со еколошко, дигитално и персонализирано искуство. Хартиените флаери се супер, ама за виткање тегли ајвар во подрум.

Нашата Приказна

Идејата за БАДИЈАЛА се роди пред неколку години, но официјалната започна пролетта 2023 година. Тогаш една жена го испрати својот сопруг на неделно купување со строга листа на продукти и маркети и дрогерии од каде да ги купи истите, бидејќи жената знаеше дека прашакот е најевтин во еден маркет, а зејтинот во друг. Кога се врати мажот дома и ги споредија сметките и увидоа дека онаму каде ја искористиле акцијата на продукти на акција, промоција и на попуст, заштедиле и до 30% при купувањето. Упс! За максимално да ги користат промоциите на лесен нчин, решија да креираат мобилна апликација која ќе им помогне во тоа. Со Бадијала, мир во куќа.

Supermarkets & Drugstores

…ќе има и други

© 2025 badiala.mk

Supported by: